Eкипата на Барселона се соочува со финансиски проблеми и на почетокот на оваа сезона, а проблемите за тренерот Флик се зголемија по барањето за трансфер на Илкај Гундоган.
Германскиот фудбалер минатото лето пристигна во Каталонија од редовите на Манчестер Сити, но сега според последните информации не се согласувал со замислите кои ги имал Флик.
Во изминатите недели Гундоган и се поврзуваше со трансфер кој самиот го демантираше, меѓутоа сега ситуацијата се променила.
Лапорта со барањето за трансфер на играч како Гундан е во тешка позиција дали да го задржи незадоволен во тимот или пак да го продаде и во финишот од преодниот рок да доведе негова замена.
Треба да се знае дека Гундоган е и еден од најплатените во тимот на Барселона. Единствена позтивна во ваквата ситуацја е што без платата на Гундоган, Барселона веднаш би можела да го регистрира Олмо.