Првата македонска фудбалска лига влегува во последните три чина од сезоната. Натпреварите од 31. коло се играат сите в сабота поради големиот христијански празник Велигден, а возбудувања се очекуваат на терените ширум земјава.
Веројатно најважен меч во оваа рунда е натпреварот меѓу Шкупи и Шкендија. Натпреварот на „Чаир“ може да биде еден од трите преостанати кои ќе го одредат шампионот. Чаирчани, тетовчани и Струга се израмнети на по 58 бода на врвот на табелата, а сите три конкуренти за титулата играат меѓусебе во завршните три кола на шампионатот. Во оваа рунда Струга игра дома против Гостивар.
На останатите терени, Брера Струмица ќе ја дочека Брегалница, Работнички е домаќин на Тиквеш, Вардар ќе се судри со Македонија Ѓорче Петров, а Воска Спорт ќе игра против Силекс.
- Натпревари од 31. коло на ПМФЛ:
Вардар – Македонија ЃП
Работнички – Тиквеш
Брера Струмица – Брегалница
Шкупи – Шкендија
Струга – Гостивар
Воска Спорт – Силекс
Натпреварите од оваа рунда на прволигашите се игра во терминот од 17:00 часот.