Шкупи и Вардар со нови тренери влегуваат во дерби пресметката на Чаир

by riste
2 минути читање

Денеска на програмата е третото коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), во центарот на вниманието е дербито кое се игра на Чаир, Шкупи го пречекува Вардар.

Интересна коинциденција е дека и Шкупи и Вардар направија тренерска промена по само две кола од новата сезона, па двете екипи во дербито ќе влезат со нови стратези.

Шкупи кој има највисоки амбиции, имаше очаен влез на сезоната со реми против Воска и пораз од Гостивар. Тоа беше причината што на местото од Ѓока дојде Матија Мирков.

Неочекувана беше смената во Вардар, по победата над Пелистер, следуваше разделба со Горазд Михаилов кој официјално напушти од приватни причини, кормилото на црвено-црните го презеде Горан Петрески – Чунга.

Шкупи денеска ќе цели кон првата победа оваа сезона, додатното губење на бодови дополнително ќе ги одалечи од врвот. Вардар конечно е финансиски стабилен, па може да размислува само на фудбалот. Црвено-црните не одат со бело знаме на Чаир, ќе се обидат од таму да се вратат со бодови, по можност и со целиот плен.

Чаирчани беа подобри во сите три дуели од Вардар во минатата сезона, црвено-црните последен пат го победиле тивалот во септември 2000 година кога славеа со 1-0.

И денеска како и во претходните две кола ќе има меч во вечерен термин. Брера во Струмица ќе ја пречека Шкендија од 20 часот.

Струмичани по одличната игра и победа над Вардар, доживеаа неочекуван дебакл во Кратово каде загубија од Силекс со 4-0, Шкендија киксна на свој терен во минатото коло откако одигра 1-1 против Работнички. На денешниот меч и двете екипи ќе бараат поправен за загубените бодови во второто коло.

Во другите натпревари, актуелниот шампион Струга му гостува на Работнички, Пелистер во Битола ќе го пречека Силекс, Воска ќе се сретне со Гостивар, а Беса е домаќин на Тиквеш.

  1. коло ПМФЛ 16 часот:
    Шкупи – Вардар
    Работнички – Струга
    Пелистер – Силекс
    Воска – Гостивар
    Беса – Тиквеш
    20 часот:
    Брера – Шкендија

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани