140
Шкендија по Бесарт Ибраими во своите редови го врати и Валон Ахмеди.
Ахмеди во Тетово се враќа по четири години и потпиша договор на две сезони. Низ кариерата фудбалерот го носеше дресот уште на Целје, Марибор, Ирони Крија Шмона и Интер Запрешиќ.
Во неговата последна сезона во Шкендија запиша 17 настапи и постигна четири гола. Зад себе има и два настапи за репрезентацијата на Албанија.