Шкендија дозволи присуство на гостински навивачи за утрешното дерби

by Стефан
1 минути читање

Од редовите на Шкендија со соопштение денеска потврдија дека ќе дозволат присуство и на гостински навивачи за натпреварот од 16. коло во кое ќе се сретнат со Шкупи.

Во последните години видовме многу инциденти во дуелите овие два ривали, но Шкендија сега се одлучи да им дозволи на популарните „Шверцери“ да присуствуваат во Тетово.

„Раководството на Шкендија соопштува дека е прифатено барањето на Шкупи за присуство на нивни навивачи во натпреварот кој ќе се игра в среда на 27 ноември од 13 часот во Тетово. По долго време на еден важен фудбалски натпревар ќе можеме да ги видиме двете навивачки групи кои ветуваат голем спектакл“, соопштијаод редовите на Шкендија.

Покрај дуелот на Шкендија и Шкупи утре исто така од 13:00 часот се среќаваат:

Беса – Брера
Шкендија – Шкупи
Силекс – Воска Спорт
Струга – Пелистер
Тиквеш – Работнички
Вардар – Гостивар

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани