1,3K
Екипата на Борнмут успеа да забележи голем триумф во Премиер лигата, совладувајќи го Тотнем со 1-0 (1-0).
Средбата од 14. коло на англиската елита на „Виталити“ понуди еден погодок кој се броеше и неколку поништени. Човек на одлука беше Дин Хујсен, младиот стопер кој во 17. минута од средбата го постигна единствениот гол.
Се обидуваше Тотнем да се врати резултатски, меѓутоа недостигаше концентрација и немаше сили за израмнување. Избраниците на Анге Постекоглу го претрпеа шестиот пораз во оваа сезона.
Екипата на Фулам по две кола пак победи и со 3-1 го совлада Брајтон. Алекс Ивоби беше двоен стрелец за домашните, а еднаш Брајтон си даде автогол. За гостинската екипа погоди Балеба.