105
Вчера во втората Бундеслига се одигра меч со неверојатен пресврт, Шалке како домаќин водеше против Дармштад со 3-0, на крајот загуби со 3-5.
Со головите на Мор, Сила и Шаленберг, Шалке поведе со 3-0 во текот на првото полувреме. Пред самиот крај на првиот дел Хорби намали на 3-1 и даде надеж за Дармштад дема може да се случи чудо во второто полувреме и се случи.
Следуваше хет-трик на Лидберг, во 87. минута гостите го постигнаа голот за комплетен пресврт и поведоа со 4-3. Конечните 5-3 ги постави Лопез во судиското продолжение.