Екипата на Милан размислува за тренерска смена, а веќе италијанските медиуми утрово почнаа да „лицитираат“ со имиња како потенцијални наследници на Пауло Фонсека.
Прво веќе некое време се споменуваше Масимилијано Алегри. Изненадувачко име се појави во јавноста на „чизмата“.
Според најавите, Ибрахимовиќ веќе го контактирал Един Терзиќ за да ја преземе клупата на „росонерите“ при отказ на Португалецот. Германскиот тренер со балкански корени замина од Борусија Дортмунд откако со клубот играше финале во Лигата на шампионите.
41-годишникот својата тренерска кариера како самостоен предводник ја имаше само во Борусија, додека работеше како асистент во Вест Хем и Бешикташ. На клупата на „милионерите“ Терзиќ седеше 128 пати, на кои запиша 75 победи.