357
Шпанските медиуми пренесуваат дека Чави Ернандез вчера бил виден првпат откако добил отказ во Барселона.
Најавите се дека Чави сака да земе одмор во сезоната која следи, но наводно веќе одлучил во која лига ќе работи кое ќе продолжи.
За разделбата со Барселона и тренерот Лапорта, Чави не сака да зборува премногу и наредниоит период ќе го искористи да биде во кругот на семејството. Според „Спорт“ неговиот следен ангажман треба да биде во англиската Премиер лига.
Чави Барселона ја презема во 2021 година и го водеше тимот на 141 натпревар пред да добие отказ кон крајот на минатиот месец. Под негово водство тимот оствари учинок од 89 победи, 23 реми и 29 порази.