179
Ин Беом Хванг од Црвена Звезда заминува во холандската Ередивизија.
Фудбалерот за врска кој минатото лето пристигна од Олимпијакос за 5,5 милиони евра имаше откупна клаузула од седум милиони евра. Тој се сели во редовите на Феенорд, меѓутоа за трансферот Звезда ќе добие осум милиони.
Причината за тоа е самиот Хванг, кој од Холанѓаните побарал на Црвена Звезда да ѝ исплатат еден милион повеќе од клаузулата. Српскиот клуб профитираше од овој трансфер, меѓутоа остана без важен играч во финишот на преодниот рок.
Црвена Звезда се подготува за настап во Лигата на шампионите.