Манчестер Сити со убедливи 4-1 го победи Ипсвич иако гостите први дојдоа во водство, уште поубедлив беше Тотнем кој со 4-0 беше подобар од Евертон.
Ипсвич изненади на почетокот од гостувањето кај шампионот откако поведе во седмата минута со гол на Смодикс.
Потоа за четири минути Манчестер Сити даде три гола. Најпрво Халанд од пенал во 12. минута, потоа по големиот кикс на гостинскиот голман, Де Брујне постигна погодок за пресврт и предност од 2-1, а во 16. минута Норвежанецот погоди уште еднаш за 3-1.
Во 88. минута Ерлинг Халанд даде уште еден гол и ги постави конечните 4-1.
Тотнем со 4-0 го совлада Евертон кој има ужасен старт на сезоната.
Серијата погодоци ја отвори Бисума со гол во 14. минута, а девет минути подоцна по еден голем кикс на Пикфорд, Сон зголеми на 2-0.
Во 71. минута Ромеро погоди за 3-0, а точка на мечот стави Сон во 77. минута со својот втор гол на натпреварот.
Вест Хем со голови на Соучек и Боуен во второто полувреме победи на гостувањето кај Кристал Палас.
Фулам со 2-1 го победи Лестер, а Нотингем форест со 1-0 славеше на гостувањето кај Саутемптон.