Хет-трик на Турам, Интер со играч повеќе го победи Торино! (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Интер со 3-2 славеше над Торино, нероазурите најголемиот дел од мечот го играа со фудбалер повеќе бидејќи гостите рано во натпреварот добија црвен картон.

Црвениот картон се случи во 20. минута кога Марипан поради остар старт беше исклучен. Торино остана со играч помалку.

Само пет минути подоцна Интер ја искористи таа предност и преку Турам поведе со 1-0. Брзо потоа тој постигна уште еден гол и ја зголеми предноста на 2-0.

Но, Торино и покрај тоа што играше со фудбалер помалку и имаше два негатива, не се откажуваше. Во 36. минута Запата го намали водството на Интер на 2-1.

Во 60. минута Турам постигна и трет гол, негов хет-трик со кој се чинеше дека е ставен крај на секоја возбуда.

Но, Влашиќ во 86. минута погоди од пенал, намали на 3-2 за интересни завршни минути. Сепак Торино немаше снага за сензација, Интер победи со 3-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани