Хернандез се израмни со Малдини, а легендата му порача: Мене ми требаа 25, а тебе само 5 години…

by 24 фудбал
1 минути читање

Тео Хернандез беше стрелец на вториот гол за Милан во победата над Лече (3-0).

Со овој погодок францускиот репрезентативец дојде до вкупно 29 во својата кариера во дресот на „росонерите“. Тој се израмни со најголемата клупска легенда Паоло Малдини по бројот на голови, а напиша и кратка порака.

Победа и 29. гол за Милан. Мило ми е што се изедначив со својот идол Малдини! Напред Милан“, напиша Тео.

На тоа имаше и одговор од легендарниот дефанзивец на Милан. Малдини му укажа на сегашниот фудбалер дека е посебен, посочувајќи дека за само пет години го престигнал по бројот на голови.

Големиот Тео! Мала разлика е тоа што мене ми требаа 25 години за да го постигнам тоа, а тебе само пет. Ти си посебен“, напиша Малдини.

Факт е дека Тео Хернандез набргу ќе го помине Паоло Малдини по бројот на головите, меѓутоа тој игра во едно друго време, далеку е поофанзивен и има сосема различни карактеристики, па и задолженија на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани