137
Колумбиската ѕвезда, Хамес Родригез, по одлично одиграното првенство на Копа Америка, има амбиција да му се врати на европскиот фудбал.
На Копа Америка, Родригез потсети на своите најдобри денови, очигледно е дека кај него има голема желба за игра, па сака да се врати во Европа.
Тој го раскина договорот со Сао Пауло, сега е слободен играч и како таков би бил поатрактивна цел за клубовите.
Родригез кој во овој месец наполни 33 години, во Европа настапуваше за Порто, Монако, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Евертон и Олимпијакос.