306
Каи Хаверц вели дека во вторник цел тим на Арсенал ќе навива за нивниот најголем ривал, Тотнем кој е домаќин на Манчестер Сити.
Арсенал дојде во интересна ситуација, се моли на вечниот ривал Тотнем да не загуби од Манчестер Сити за тие да можат да ја освојат титулата во Премиерлигата.
„Ќе бидам најголемиот фан на Тотнем во историјата во вторник. Сите ќе бидеме“, рече Хаверц.
Ќе биде интересно доколку Тотнем успее да не загуби од Манчестер Сити и му ја донесе титулата на Арсенал.