Во фудбалската федерација на Македонија во краток временски период изрече суспензија и за трет терен.
По терените во Кавадарци и Неготино сега е суспендиран и стадионот на Башкими во Куманово.
„ФФМ информира дека Комисијата за натпревари на ФФМ на денес одржаната седница донесе одлука според членовите 41,42 и 75 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Стадион „БАШКИМИ“ Куманово поради присуство на неслужбени лица на теренот веднаш по завршување на натпревар во рамки на 4 коло на Втора МФЛ помеѓу екипите на ФК Башкими 1947 АД – ФК Беласица АД одигран на 25.09.2024 година во Куманово. Стадионот „БАШКИМИ“ Куманово е суспендиран се до донесување на одлука на ДК на ФФМ. Суспензијата стапува на сила веднаш“, стои во соопштението од ФФМ.
По завршувањето на натпреварот помеѓу Башкими и Беласица нападнати беа судиите, а на еден од нив му беше оштетено и возилото.