118
Фудбалската федерација на Македонија ги одреди официјалните лица за натпреварите од вонредното осмо коло.
Во забрзан ритам ќе продолжат пресметките од Првата македонска фудбалска лига, ќе се игра во среда и повторно во недела.
- Судии за натпреварите од седмото коло:
Пелистер – Работнички (Крумислав Ѓорѓиев)
Шкупи – Беса (Фатмир Бафто)
Брера – Тиквеш (Марјан Младеновски)
Гостивар – Шкендија (Јован Качевски)
Воска Спорт – Струга (Стојанче Трпчевски)
Вардар – Силекс (Димитар Пилешков)
Пет натпревари се играат во терминот од 15.00 часот, додека само Вардар и Силекс ќе играат вечерта во 20.00 на „Градски“.