32
Турскиот фудбалер Омер Топрак кој најголем дел од кариерата помина во Бундеслигата одлучи да стави крај на кариерата на 35 години.
Топрак во кариерата во Германија го носеше дресот на: Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд и Вердер Бремен, а во најсилната германска конкуренција одигра вкупно 263 натпревари.
Своевремено Топрак беше и репрезентативец на Турција за која одигра 27 натпревари.
„По 16 години со насмевка и солзи во очите време е да ја завршам кариерата“, објави Топрак.
Последните две години од кариерата ги помина во неговата татковина каде што го носеше дресот на Анталијаспор.