145
Дефанзивецот Абдул Руатубјаје од Руанда кој ја започна сезоната во Шкупи и неочекувано си замина еден ден по натпреварот со Силекс кога одигра 90 минути денес потпиша за Брера.
Брера го потврди неговиот ангажман преку социјалните мрежи. За Шкупи Руатубјаје играше во два мандати прво во 2021 година кога ја освои титулата со чаирскиот тим и замина во Рајон Спорт од неговата татковина, па во февруари оваа година се врати во Чаир.
Исто така е репрезентативец на Руанда за која одигра 33 натпревари и постигна три гола. Во кариерата три години помина и во неколку клубови во САД.