Поранешниот претседател на УЕФА и француска фудбалска легенда, Мишел Платини има предлог наместо 11 да се игра со 10 фудбалери, смета дека така играта би било поатрактивна.
Фудбалерите се жалат дека имаат премногу натпревари во една календарска година, а со намалување на бројот на играчи ќе треба повеќе да трчаат, со што ќе се зголеми физичката исцрпеност на фудбалерите. Па предлогот на Платини доаѓа во лошо време.
„Можеби треба да повлечеме еден играч и да имаме тим со десет луѓе. Имаме екипи со 11 фудбалери од 1900 година, но тогаш имаше помалку трчање. Играчите не беа толку големи и играа побавно“, Платини.
„Луѓето од мојата генерација повеќе не гледаат фудбал зашто не се наоѓаат во сегашната игра. Денес има повеќе додавања назад отколку напред, а во посед на топката има многу додавања. Не критикувам. Но луѓе од мојата генерација кои доживеале поофанзивен фудбал, веќе не се наоѓаат во овој начин на игра“, додаде славниот Платини.