Фудбалерите до 19 години поразени од Словачка во Луксембург

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години претрпе пораз во денешниот натпревар против Словачка (3:0) во рамките од турнирот во Луксебург кој се игра за пласман во елитните квалификации.

Словачка победата ја најави по 45 минути игра кога Самуел Дикос постигна гол за водство за потоа Наим Синанов да си ја погоди сопствената мрежа.

Последниот гол за Словачка на 20-тина минути до крајот го постигна Роберт Петрушка.

На табелата Македонија е на делба на последното место заедно со Летонија со по еден освоен бод. Луксембург пред нас има три, додека Словачка е прва со шест.

Во првото коло Македонија ремизираше со Летонија 1:1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани