224
Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист во финалето на Олимписките игри во Париз откако во полуфиналето со пресврт славеа против Мароко со 1:2.
Мароко добро го започна натпреварот и по 37. минута со голот на Рахими од пенал дојде до водство од 1:0.
Со предноста од еден гол Мароко замина на паузата, но Шпанците во вториот дел постигнаа два гола за целосен пресврт.
Фермин Лопез во 66 .минута донесе изедначување, а на пет минути пред истекот на регуларните 90 беше во улога на асистент при голот за целосен пресврт на Хуанлу Санчез.
Во финалето Шпанците ќе го чекаат подобриот од дуелот помеѓу Франција и Египет кој се игра вечерва од 21:00 часот.