397
Фудбалерот на Интер, Давиде Фратези се најде во интересна ситуација, неговата сестра го славеше Куп трофејот на Јувентус, а имаше и зошто.
Сестрата на Фратези е девојка на фудбалерот на Јувентус, Вестон Мекени, па по освоениот трофеј во Купот на Италија се симна на теренот и заедно со своето момче славеше.
Тоа не му се допаднало на Давиде Фратези, па вели дека ја блокирал на сите социјални мрежи во наредните четири дена.
„Кога видов дека сестра ми го слави трофејот на Јуве во Купот на Италија на теренот, ја блокирав од сите социјални мрежи на четири дена“, откри Фратези за „Ла Република“.
Интер и Јувентус се најголеми ривали во Италија, но веројатно Фратези на шега го направил неговиот гест.