Фонсека не е задоволен и покрај победата: Овој тим на Милан е како ролеркостер, еден ден е добар, другиот…

by riste
2 минути читање

Тренерот на Милан, Пауло Фонсека и покрај победата над Црвена звезда од 2-1, не е задоволен од играта на своите фудбалери.

Црвена звезда со контроверзен гол на Абрахам во финишот од натпреварот ја победи Црвена звезда со 2-1.

„Се чувствувам поуморен отколку што би бил ако играв“, вели Фонсека по мечот.

„Јас сум човек кој не е задоволен само од резултатот. Ако ме прашате дали сум задоволен од тоа што го направивме вечерва, ќе речам дека не сум, не можам да го прифатам тоа. Јасно е дека резултатот е најважен, победивме и сме во добра позиција, но таков сум. Тоа не е нешто што може да се промени“.

„Сакам да анализирам што се случи, но некои работи се јасни за мене. Очигледно е дека не сум задоволен од перформансите“.

„Не се работи за тактика или техника. Влеговме во овој одлучувачки натпревар за нас и да имате чувство дека не сте го направиле најдоброто за да победите, тоа е најлошото чувство за тренерот“.

„Проблемот е што нашиот тим е како ролеркостер, еден ден е добар, а следниот не знам. Како да фрлате паричка и да чекате што ќе ви се падне. Искрено, шокантно е“.

„Тоа е проблемот. Јас знам дека секој ден работам и давам се од себе, не знам дали друг во составот може да го каже тоа. Имавме обврска да излеземе на теренот на овој меч и да дадеме се од себе за да го добиеме натпреварот и не го направивме тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани