Фонсека: Модерниот фудбал е циркус!

by riste
1 минути читање

Тренерот на Милан, Пауло Фонсека како циркус го нарече лесното свирење на пенали во денешниот фудбал.

Фиорентина го победи Милан со 2-1, на натпреварот беа досудени три пенали и не беа реализирани. Давид де Хеа одбрани удари на Тео Ернандез и Тами Абрахам.

„Јас кој го сака фудбалот, не сакам да бидам дел од овој циркус. Сега се е пенал, без разлика дали е за нас или против нас. Ова не е фудбал кога се свири пенал за најситниот допир. Не сакам да бидам дел од тоа“, рече лутиот Фонсека.

Тој смета дека на неговиот тим му недостасувала агресивност на мечот.

„Не е до системот, до сега функционираше. Не дека Фиорентина креираше многу шанси, нам ни недостасуваше агресивност. Тактиката не беше погрешна, проблемот беше што не бевме агресивни во одбраната и нападот“.

„Кога ќе промашите два пенали, тешко е да победите, без разлика колку шанси сте создале. Исто мислам дека и центаршутевите во шеснаесетникот не беа доволно квалитетни“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани