Милан по три кола во новата сезона на Серија А нема победа. Реми исходи со резултат 2-2 против Торино и Лацио, како и пораз од Парма дома ги загрижија навивачите, но и ја замислија управата.
Се става под прашалник дали Пауло Фонсека беше вистински решение за клупата и дали воопшто носи нешто што Стефано Пиоли го немаше. Резултатите на подготовките беа одлични, но стартот на сезоната во калчото е катастрофална. Поради тоа веќе на почетокот на сезоната се зборува за потенцијална замена на Фонсека.
На оваа репрезентативна пауза Португалецот е безбеден на клупата, меѓутоа ќе има клучен период пред себе и веќе на следната во октомври би можел да биде заменет.
Според најавите од Италија, Фонсека ќе добие ултиматум пред натпреварите со Венеција и Интер во Серија А и стартот на Лигата на шампионите против Ливерпул. Тие натпревари ќе бидат пресудни за неговата иднина. Веројатно не е ултиматум да ги добие сите, но работите мора да се променат и промените да бидат видливи, а и резултатите да бидат позитивни.
Се споменуваат и неколку имиња како алтернативи доколку Фонсека добие отказ, а тоа се Масимилијано Алегри, Маурицио Сари, Филипо Инзаги, па дури и враќање на Стефано Пиоли кој е под договор до следното лето.