Фудбалерите на Барселона славеа победа во дербито против Реал Мадрид со убедливи 4:0, а најголеми пофалби по убедливиот триумф добиваше тренерот Ханси Флик.
Германскиот стратег одлично го постави тимот и „кралевите“ останаа во подредена улога на теренот.
Во натпреварот каталонскиот гигант посебно се истакна со играта со офсајд замки. Напаѓачите на Реал Мадрид дури трипати беа „уловени“ во недозволена позиција.
Реномираниот „Мундо Депортиво“ пренесува и дека Флик не се откажал од својот план ниту по поништениот гол на Мбапе поради недозолена позиција и продолжил да ја форсира таквата игра.
Повикувајќи се на близок извор до тимот пренесуваат и негови зборови од соблекувалната.
„Кој ќе се врати и еден метар назад, ќе биде заманет веднаш“, наводно им се обратил Германецот на своите фудбалери.