Флик е суеверен, призна што прави кога неговиот тим изведува пенал

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона убедливо ја совлада Севиља во 10 коло на Ла Лига со високи 5-1 и се одржа на водечкото место.

По натпреварот тренерот Ханси Флик призна дека е суеверен, односно го откри својот ритуал кога неговите тимови изведуваат пенали. Германскиот стратег никогаш не го гледа самото изведување, а тоа го прави со години наназад.

Никогаш не гледам кога мојот тим изведува пенал. Го направив тоа еднаш, не гледав и постигнавме гол. Продолжив да го правам тоа, ми стана навика“, призна Флик.

Барселона веќе в среда ја очекува дерби меч во Лигата на шампионите, дома против екипата на Баерн Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани