Фудбалерите на Фиорентина играат во перфектна форма и сосема заслужено се при врвот во италијанската Серија А.
Избраниците на Рафаеле Паладино славеа кај Комо (0-2) и дојдоа до седмото последователно славје во низа. Со тој резултат стигнаа до 28 бода и се на делба на првите три позиции со Аталанта и Интер.
Стрелци во победата во градот крај култното италијанско езеро беа Јасин Адли и Моиз Кин со погодоци во 20. и 68. минута од средбата. Одличен одново беше и Давид Де Геа кој во еден момент при водство од 0-1 имаше тројна одбрана.
Низата на Фиорентина започна против Милан на 6 октомври, а потоа славеа против Лече, Рома, Џенова, Торино, Верона и Комо. На овие резултати претходно се надоврзуваат уште победа и реми.
На останатите терени Џенова и Каљари одиграа нерешено (2-2), а со реми заврши и средбата меѓу Торино и Монца (1-1).