Италијанскиот новинар Фабрицио Романо кој е познат по своите инсајдерски информации околу трансферите ги издвои своите најголеми фаворити за освојување на Европското првенство.
Според Романо, прв фаворит за освојување на европскиот трон е Англија, објасни и зошто го сместува „Гордиот Албион“ на врвот.
„Талентот кој го има англиската репрезентација е неверојатен, имаат големи шанси да го освојат Европското првенство“, изјави Романо.
Во најтесниот круг ги рангираше уште Франција и домаќинот Германија, а потоа следуваше Шпанија. Португалија која и ова првенство ќе биде предводена од Кристијано Роналдо ја рангираше како петта, потоа следат Италија, Холандија, Данска и интересно Србија ја смести на 9-тото место, пред Хрватска на 10-тото.
ФАВОРИТИ ЗА ЕП СПОРЕД ФАБРИЦИО РОМАНО:
1. Англија
2. Франција
3. Германија
4. Шпанија
5. Португалија
6. Италија
7. Холандија
8. Данска
9. Србија
10. Хрватска