390
Сеск Фабрегас направи голем успех откако со Комо успеа да се пласира во Серија А, а веќе почнаа гласини за новите засилувања во тимот.
Според италијанските медиуми, се прават напори да бидат ангажирани Мауро Икарди од Галатасарај и Хаокин Кореа кој е играч на Интер, но настапува на позајмица во Марсеј.
Сопственици на Комо се индонезиските милијардери Мајкл и Роберт Хартоно кои го држат тобако гигантот Џарум. Тие се едни од најбогатите сопственици на клуб во италијанскиот фудбал.
Дел од клубот се и Тјери Анри и Денис Вајс, а тренер е Сеск Фабрегас.
Се очекува Комо да направи конкурентен тим за Серија А.