251
Албанија со гол во 95. минута дојде до реми од 2-2 против Хрватска, а стрелецот Клаус Ѓасула влезе во историјата на големите турнири.
Ѓасула влезе од клупата за резерви и најпрво си постигна автогол, а потоа во финишот погоди и се искупи, донесе бод за својата репрезентација.
Ѓасула стана првиот фудбалер кој влегол од клупата на еден меч од Европско или Светско првенство и успеал да постигне гол и автогол.
Да потсетиме, во првото коло албанскиот фудбалер Бајрами влезе во историјата како најбрз стрелец на меч од Европско првенство.