Борусија Дортмунд ќе игра во големото финале од Лигата на шампионите на Вембли откако двапати го победи ПСЖ, а овој успех посебно е емотивен за тренерот Един Терзиќ.
Терзиќ покрај тоа што е тренер на Борусија Дортмунд тој е и фан на овој клуб, во 2012 година од трибините ја следеше последната титула во Бундеслигата која ја освоија под водство на Клоп.
Минатата сезона беше трогателна за него, тој како тренер го водеше тимот на Дортмунд, а титулата ја загубија на неверојатен начин во последните минути од последното коло.
Терзиќ тогаш плачеше пред навивачите кои му дадоа голема поддршка и покрај тоа што беа емотивно срушени од неуспехот.
Но, денеска и тие и Терзиќ имаат причина за големо задоволство, се пласираа во финалето од Лигата на шампионите кое ќе се игра на Вембли, ќе бидат дел од мечот на сезоната.