По еден судир со противнички фудбалер, Барнаба Варга падна во бессознание, сцените беа застрашувачки, а тој во тешка состојба беше пренесен во болница.
Првите информации кои излегоа беа дека тој се освестил и станал комуникативен. Битката за неговиот живот беше успешна.
Сега од Унгарската фудбалска федерација откриваат детали за состојбата на Варга.
„Барнабас Варга заработил неколку скршеници на лицеето при судирот за време на натпреварот, а исто така се здобил и со потрес на мозокот. Најверојатно ќе мора да се направи операција. Тој ќе ја мине ноќта во болница во Штутгарт и во моментов ја добива цела поддршка од сите во тимот“, стои во објавата на Унгарската фудбалска федерација.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.