Ужас во Бразил: Двајца навивачи загинаа во хорор пресметка на хулигани – еден навивач запален, друг застрелан! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Навивачките групи на Палмеирас и Крузеиро имаа судир на улиците на Куртиба, а во тој судир еден од навивачите трагично загина во пожар предизвикан од пиротехничките средства.

Судирот се случил кога навивачите на Крузеиро се враќале од натпреварот со Атлетико и тогаш биле нападнати од групата „Манче Верде“, ултрасите на Палмериас.

Во нападот врз автобусот полн со навиваи се користеле огномети, факели и петарди. Судирот продолжил и на улиците каде што бил застрелан еден фан кој починал на лице место.

На социјалните мрежи е објавена снимка каде што се гледа инцидентот и телата на повредените и онесвестените млади момчиња, додека маскирани хулигани напаѓаат со разни предмети. Инаку, ова не е прв ваков крвав судир на двете групи, еден имаа и во 2022 година кога животот го загубија четири лица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани