УЕФА се закани: Секој упад на теренот ќе биде драстично казнет!

by 24 фудбал
1 минути читање

Организацијата на Европското првенство од страна на Германците е на завидно ниво, а делува дека најголем пропуст се случува за време на натпреварите.

Голем број навивачи успеваат да побегнат од обезбедувањето и успеваат да дојдат до теренот. Ситуацијата ескалираше на мечот меѓу Турција и Португалија (0-3), кога дури четири фанови успеаја да стигнат до тревникот, главно заинтересирани за Кристијано Роналдо.

Поради тоа УЕФА најави посебни мерки, зголемување на обезбедувањето, но и санкции за оние кои ќе го повредат тоа правило.

„На стадионите ќе се преземат дополнителни сигурносни мерки за дополнително да се исполнат барањата на турнирот и да се спречат инциденти. Безбедноста на стадионите, на теренот и во просториите се главен приоритет на УЕФА. Секое влегување на терен од страна на неовластени личности ќе претставува кршење на правилата, ќе резултира со исфрлање од стадионот, забрана за сите натпревари на Европското првенство и соодветни казнени пријави“, известија од УЕФА.

По дуелот меѓу Турците и Португалците дури имаше и ситуација во која можеше да дојде до повреда на фудбалер од страна на лице од обезбедувањето кое бркаше навивач.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани