УЕФА и даде нова задача на најдобрата македонска судијка

by Стефан
1 минути читање

Maкедонската судијка Ива Пројковска продолжува да добива доверба од УЕФА и ќе биде главен судија на натпреварот од женската Лига на шампиони помеѓу Волфсбург и Галатасарај.

Неодамна Пројковска делеше правда на средбата помеѓу Јувентус и Баерн Минхен, а сега доби нова задача. На 20 ноември повторно во групната фаза од Лигата на шамапионите ќе биде главна на центарот во дуелот помеѓу германскатаи турската екипа.

За Пројковска ова ќе биде 15-ти европски натпревар оваа година и седми во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани