УЕФА го менува начинот на избор за најдобар стрелец на ЕП. ќе им требаат повеќе трофеи!

by riste
1 минути читање

УЕФА соопшти дека наградата за најдобар стрелец нема да ја добие еден играч доколку има повеќе фудбалери со ист број на постигнати голови.

Доколку имаше играчи со ист број на голови, досега во предвид се земаа и асистенциите, доколку и тоа беше исто, се гледаа минутите поминати на терен. Но, веќе нема да биде така.

УЕФА соопшти дека ќе важат само головите, па доколку има играчи со ист број на погодоци, тие ќе ја поделат наградата, односно сите ќе добијат трофеи за најдобар стрелец.

Ако во финалето не даде гол Олмо или Кејн, тогаш дури шест играчи ќе ја добијат наградата за најдобар стрелец.

Олмо, Гакпо, Микаутадзе, Кејн, Мусиала и Шранц имаат по три гола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани