Tурскиот гигант Бешикташ зад себе нема добра сезона, а разочарувањето на навивачите сигурно и се зголеми кога големиот ривал, Фенербахче ги победи во трката за потписот на Мурињо.
Од Бешикташ имаа разговори со Мурињо, но на крајот Португалецот заврши во Фенербахче. Поради тоа од овој клуб веднаш тргнаа во акција да одговорат на ривалот.
Според последните информации фаворит за местото тренер на Бешикташ во овој момент е Хрватот Славен Билиќ. Билиќ во овој момент е во Саудиска Арабија каде што го води тимот на Ал Фатех и наводно порачал дека со задоволство би се вратил.
Покрај него како резервни опции медиумите ги наведуваат Разван Луческу, Нури Сахин и Серген Јалцин.
Бешикташ е добро позната дестинација за Билиќ бидејќи веќе еднаш беше тука тренер од 2013 до 2015 година.