Турците открија интересно име како потенцијален наследник на Тен Хаг во Јунајтед

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед веќе се подготвува да му врачи отказ на Ерик Тен Хаг по лошиот старт на сезоната во Премиер лигата.

Сепак, за да се решат на такво нешто, прво во Манчестер треба да пронајдат потенцијални замени. Веќе се споменуваа многу имиња, а сега има и едно изненадувачко во опсег.

Турските медиуми откриваат дека како опција за наследник на Тен Хаг се споменува и селекторот на оваа земја, Винченцо Монтела. 50-годишниот Италијанец е селектор на Турција од 2023 година, претходно работеше во Адана Демирспор, а има искуство во Фиорентина, Севиља, Милан, Сампдорија, Катанија и привремено беше тренер на Рома.

Името на Монтела е најизненадувачко од сите кои досега се споменуваа како потенцијални нови тренери на Јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани