77
Репрезентативецот на Македонија Елиф Елмас одново се поврзува со враќање во турскиот фудбал и тоа во редовите на Галатасарај.
Се поврзуваше Елмас со Галатасарај и пред крајот на летниот преоден рок, но тогаш не дојде до договор, а според последните информации во Галатасарај ќе се обидат да го доведат во јануари.
Сезоната Галатасарај одлично ја започна, меѓутоа тренерот Окан Нурук инсистира дополнително да се засили во зимскиот преоден рок и приоритет е фудбалер од средниот ред кој може да покрива неколку позиции, а токму таков е Елмас.
Летово Елмас одлучи да остане во Лајпциг и да се бори за своето место, но откако и понатаму не добива шанса можеби неговото размсилување е поинакво.