Ралф Рангник е последниот кој го одби Баерн Минхен, претходно тоа го сторија Чаби Алонсо и Јулијан Нагелсман, Баварците мака мачат да го најдат наследникот на Тухел.
Од имињата со кои се шпекулираше за нов тренер на Берн, останаа неколку. Како прв кандидат сега се посочува Зинедин Зидан, но клубот се уште не стапил во контакт со него, пишува „Билд“.
Проблем за Зидан е јазикот, не зборува германски, а слаб му е и англискиот. Како решение се посочуваше Френк Рибери кои би му бил асистент и врска во комуникацијата со фудбалерите.
На листата на кадидати е и Де Зерби, но проблем за Баерн е големиот стручен штаб кој го има италијанскиот стратег и сака да го земе со себе.
Друг кој се поврзуваше со Баерн Минхен е Жозе Мурињо, но на раководството на германскиот гигант не му се допаѓа дефанзивниот стил кој го практикува Португалецот.