Трофејот во ФА Купот донесе недоумици, Тен Хаг може да остане на клупата на Јунајтед

by 24 фудбал
1 минути читање

Пред само неколку денови делуваше дека сè е готово и Манчестер Јунајтед во новата сезона ќе влезе со нов тренер, меѓутоа викендов работите се сменија.

Ерик Тен Хаг го поведе тимот кон трофејот во ФА Купот, победувајќи го првакот на Англија, Манчестер Сити со 2-0. Поради тоа, одново се актуелизира прашањето за иднината на холандскиот стручњак на клупата на „црвените ѓаволи“, а меѓу навивачите мислењата се поделени.

Челниците на Манчестер Јунајтед веќе имаа контакти и со потенцијалните наследници, но сега сериозно размислуваат да го остават Тен Хаг и следната сезона. Крајната одлука ќе ја има новата сопственичка структура, компанијата „ИНЕОС“, а делува дека шансите за Холанѓанецот да остане на клупата се драстично зголемени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани