„Трето полувреме“ во Франција: Поднесоа технички приговор, а поради тоа мечот може и да се преигра!

by 24 фудбал
1 минути читање

Лион и Оксер одиграа нерешени 2-2 во деветтата рунда на француското првенство.

Огромна прашина на овој натпревар крена пеналот кој Лион го доби по асистенција од ВАР собата. Судијата во прв момент покажа на гол-аут мислејќи дека топката ја мина линијата, а потоа доби повик од ВАР. Тој ја прегледа ситуацијата и ја смени одлуката во пенал за Лион.

Драмата следеше дури потоа, бидејќи играчите на Оксер повикани од тренерот го напуштија теренот. По долго убедување тие се вратија да играат, меѓутоа не се откажаа од своите намери.

Имено, капитенот Јубал искористи механизам кој не е користен во Лига 1 речиси никогаш. Тој му подаде на судијата пополнето ливче наречено „технички приговор“. Тој документ ја оспорува одлуката и е за формален протест во Лига 1, но не е користен навистина долго време.

Бизарноста продолжува со тоа што судијата го поднесува „техничкиот приговор“ до делегатот по натпреварот, а за него се одлучува со комисија. Така, дуелот на Лион и Оксер ќе добие „трето полувреме“. Според правилата на Француската фудбалска лига (ЛФП), ако се покаже дека „техничкиот приговор“ на Оксер е легитимен и валиден, натпреварот може дури и да се преигра. Бидејќи нема можност да се поништи пеналот, одлуката за ова ќе падне на ЛФП.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани