Тренерската легенда на Шпанија: Знаеме дека сме најдобри, ги имаме сите елементи за успех!

by 24 фудбал
1 минути читање

Тренерската легенда на Шпанија, Висенте Дел Боске, е оптимист за иднината на фудбалот во својата земја. Човекот кој беше европски првак со „фуријата“ во 2008 и 2012 година, а во 2010 го освои и Мундијалот е присутен во Германија да ја следи репрезентацијата во живо.

Дел Боске смета дека Шпанците биле супериорни во групната фаза и има огромни очекувања од репрезентативците.

„Ќе се случи тоа што мора да се случи. Многу сме возбудени знаејќи дека сме најдобри. Бевме супериорни со сите противници. Овој тим ги има сите елементи за успех. Де ла Фуенте одлично ја прилагоди играта на имињата кои ги има на располагање. Се радувам на убавите работи кои следат“, изјави Дел Боске.

Иако одиграа најдобро, многумина не ја сместуваат Шпанија во првиот ешалон на фаворити. Веројатно причината за такво нешто е младиот тим во кој главните ѕвезди имаат 21 година (Нико Вилијамс) и 16 години (Ламин Јамал).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани