Лионел Меси заработи повреда на зглобот на десната нога во финалето на Копа Америка, па поради тоа беше заменет и не го доигра мечот. Аргентинецот беше во солзи бидејќи не може да им помогне на соиграчите, а тоа ги заплаши фановите дека се работи за посериозна повреда.
Сепак, тренерот на Интер Мајами откри дека состојбата на Меси не е многу страшна. Секако тој нема веднаш да се врати на фудбалот, ќе добие краток период за одмор, а во тоа време се очекува повредата да биде санирана.
Иако Тата Мартино не сакаше да шпекулира кога Меси би можел да се врати, откри дека веќе оваа седмица ќе има подетални прегледи за неговата состојба.
Во најдобар случај тој би скокнал само два натпревари и би заиграл пак на 28 јули во Лига купот на Северна и Централна Америка.