Нејмар заработи нова повреда откако неодамна се врати на терените по долгата пауза. Бразилецот заигра за Ал Хилал, но набргу се здоби со повреда на мускулите поради долгата неактивност.
На оваа тема зборуваше тренерот Жорже Жезус, кој нагласи дека очекувал ваков исход во ситуацијата на Нејмар. Тој откри колку ѕвездата ќе паузира, а исто така зборуваше и зошто Нејмар не е на списокот за настап во првенството.
„Нејмар го повреди мускулот, не знам колку нема да може да тренира, веројатно најмалку две седмици. Нејмар не е лесен случај. Тоа го докажува она што го мислев кога одлучив да не го регистрираме за лигата во Саудиска Арабија, бидејќи знаев дека нема да му биде лесно да се врати. На медицинско ниво неговото колено е залечено, но ќе има проблеми какви што имаше и во овој меч, со мускулите бидејќи не играл долго“, истакна тренерот Жезус.
Нејмар заработи повреда на мечот од четвртото коло на азиската Лига на шампиони против Естеглал. Бразилскиот напаѓач влезе во игра во 58 минута, но мораше да биде заменет пред крајот.