Манчестер Јунајтед има најлош старт на сезоната од 1992 година по седум премиерлигашки кола.
Поради тоа нормално е што работната позиција на Ерик Тен Хаг е ставена под знак прашалник. Се споменуваше дека Холанѓанецот може да добие отказ, иако самиот тој смета дека не е загрозен. Англиските медиуми веќе составија листа на потенцијални наследници, а едно од имињата е тренерот кој минатата сезона со Борусија Дортмунд играше финале во Лигата на шампионите. Се работи за младиот Един Терзиќ кој е без клуб по раскинувањето на договорот со „милионерите“.
Борусија беше единствениот клуб кој Терзиќ самостојно го водеше во две етапи и со солидни резулати. Претходно имаше и искуство во Премиер лигата, но како помошник на Славен Билиќ во Вест Хем од 2015 до 2017 година.
Освен Един Терзиќ се споменуваат и имињата на Томас Тухел, Руд Ван Нистелрој…