Требаше да играат во Европа, но се распаднаа, сега имаат само тројца фудбалери!

by riste
1 минути читање

Украинскиот клуб Днипро-1 го предаде мечот против Пушкаш Академија во Конференциската лига, тоа значеше исфрлање од Европа, а клубот веројатно ќе стави и клуч на своето работење.

Днипро-1 банкротираше и го напуштија решиси сите играчи. Во овој момент имаат само тројца фудбалери, голманот Јакив Кинереикин, крилниот напаѓач Тамик Гаџиев и централниот напаѓач Даниел Кивинда. Веројатно и тие се пред заминување во други средини.

Днипро-1 е неофицијален наследник на Днипро, клубот кој во 2015 играше финале во Лига Европа.

Днипро поради финансиски проблеми се распадна во 2017/2018 година, а на пат е тоа да му се случи и на Днипро-1.

Днипро-1 е основан во 2015 година, четири години подоцна влезе во најдобрата украинска лига, беше и вицешампион на својата земја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани