Трапановски: Првпат ми е, но се чувствувам како долго време да сум тука!

by riste
1 минути читање

Дебитантот во македонската фудбалска репрезентација, Кристијан Трапановски размислува оптимистички во пресрет на почетокот на новата сезона од Лигата на нации.

Трапановски вели дека одлично се вклопил во составот, се чувствува како таму да е долго и покрај тоа што ова му е деби повик.

„Задоволство ми е што сум дел од националниот тим на Македонија. Се надевам дека ќе ја искористам оваа шанса и ќе ги покажам моите квалитети. Групата ме пречека одлично, се чувствувам супер, се чувствувам како долго време да сум тука иако ми е првпат“, вели Трапановски.

„Нашата цел е да освоиме што е можно повеќе бодови, ако е можно да ги победиме сите натпревари и да се пласираме во следната рунда. Фаворити сме, но во денешно време нема лесни противници“.

Тој смета дека ако одиграме на нашето ниво, теренот со вештачка трева и различните временски услови нема да бидат проблем за да ги освоиме трите бода.

„Сметам дека ние како тим сме многу поквалитетни од Фарски острови. Теренот и времето нема да прават проблеми ако ние бидеме на вистинското ниво, ќе ги освоиме трите бода“.

Македонија на 7. септември гостува кај Фарски острови, а три дена подоцна ја пречекуваме Ерменија во Скопје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани